Sony ја прекинува поддршката за 18 години старата, а сепак неверојатно забавна конзола PlayStation 2. Ова значи дека компанијата нема повеќе да гарантира сервисирање на конзолата.
Со оглед на тоа дека конзолата е излезена од 2000 година, потегот на Sony се чини симболичен. Од последната конзола која е излезена од производство се поминати 6 години.
Главната причина поради која Sony престанува со сервисирањето на конзолата не е староста, всушност е, но не на конзолата. Компанијата нема повеќе резервни делови за PlayStation 2, а по речиси 20 години решија дека е време да престанат со сервисот.
Од 2000 до 2013 година конзолата се продаде во 158 милиони примероци и со тоа секако е една од најуспешните конзоли. PlayStation 2 беше најпродавана конзола на сите континенти. Со оглед на тоа дека е најпродавана конзола на сите времиња (VGCHartz), ова не е изненадување.







