0 коментари 2 мин. читање 5 септември, 2018

Е-спортот пред нова пречка, премногу насилство за Олимпијада

Видеоигрите и е-спортот се премногу насилни за да бидат дел од Олимпијада, вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.

 „Ако имате видеоигри во кој убивате некој, ова не олимписка вредност“, вели г. Бах.

Е-спортот нема иднина додека не биде отстрането насилството од нив.

Секако ова важи за дел од игрите, спортските игри на пример се без насилство.

Дел од спортовите кои се дел од Олимпијадата имаат „проблематично“ минато. Самиот г. Бах на пример е добитник на олимписки медал во мечување, вештина која секако не започнала како спорт. Секако ниту боксот ниту џудото не се потполно ненасилни спортови, иако за разлика од добар дел од видеоигрите, целта не е да се „убие“ противникот.

Со г. Бах се согласува и Жанг Дажонг кој е промотер на е-спорт.

„Мора да одговара на духот и вредностите на Олимпијадата. Содржината не треба да биде насилна“.

Сепак и без Олимписките игри е-спортот се движи неверојатно брзо во вистинска насока. Натпреварите ги следат 320 милиони гледачи, а проценките се дека до 2020 година е-спортот ќе „тежи“ 1 милијарда долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top