0 коментари 3 мин. читање 5 јуни, 2013

#TwitterDontYouFYROMMeSayMacedonia

Македонските твиреџии му се налутија на Twitter бидејќи наместо „Македонија“ ја користи непопуларната наставка „FYROM” за означување на локацијата на твитот. Наставката се додадава кога пишувате твит и може да се исклучи. Поради револтот стотина твитерџии стартуваа кампања #TwitterDontYouFYROMMeSayMacedonia во која го тагираат @Twitter. Според TweetArchivist, има околу 300 твита со тој хаштаг, иако според алатката на Time.mk се гледа дека најпопуларните твитови се ретвитувани над десетици пати, што значи дека вкупнот број е поголем.

Би било интересно да се види дали Twitter ќе ја забележи кампањата и ќе промени нешто. Содржината на твитовите со хаш-тагот е за жал на македонски јазик, можеби твитерџиите треба да ја објаснат ситуацијата на мрежата, па треба да пишуваат на англиски и без тролање. Но, хаш-тагот е секако тој што треба да биде препознаен. Проблемот е што во моментов има неколку стотина твитови што е релативно мала бројка со попопуларните хаш-тагови кои се споделуваат од милиони корисници. Македонија ја нема на листата на земји од кои се вадат најпопуларните трендови (најзборуваните теми на Twitter), туку е во листата за целиот свет каде се прикажуваат попопуларни теми. Но, можеби едно од решенијата е твитерџиите да не го користат локациското означување, и можеби ќе биде подобро да се стартува кампања кон локалните политичари, односно кон ИТ министерот Иво Ивановски кој би можел да ги контактира Twitter и да издејствува промена на името на Земјата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top