1 коментар 1 мин. читање 22 септември, 2014

Tерористичката ISIS регрутира со немилосрдно видео од GTA

Екстремистите на ISIS креираа промотивно видео базирано на видеоигра со која се надеваат дека ќе успеат да соберат нови регрути за „џихадот“ во Ирак и Сирија, јави британскиот Telegraph. Станува збор за видео направено со мод на популарната Grand Theft Auto, во кое терористите на ISIS порачуваат дека „работите кои вие ги правите во игрите, ние ги правиме во вистинскиот живот“. На видеото се гледа како играчите пукаат одблиску во полицијата, пукаат со снајпер од заседа или напаѓаат американски конвој.

Модот за GTA е направен за кревање на моралот на екстремистите и за тренинг на најмладите регрути, но и да ги преплашат противниците на Исламска држава, вели Polygon. Иaко не е потврдено дека станува збор за Grand Theft Auto, без сомневање љубителите на серијалот ќе ја препознаат играта, а графиката и анимациите неодоливо потсетуваат на GTA: San Andreas.

[youtube]QhbX0Kt9s_I[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top