1 коментар 3 мин. читање 3 ноември, 2021

Војската во Мјанмар со илјадници лажни профили ги убедува граѓаните дека ги спасува од изборна измама

Илјадници војници со по неколку лажни профили водат информациска војна на друштвените мрежи. Војниците се обидуваат да ја рашират пораката дека ја преземале контролата во државата за да спречат изборна измама.

„Војниците треба да креираат неколку лажни профили и добиваат содржина и теми на разговор кои треба да ги објавуваат. Тие ги следат и онлајн активностите и се зачленуваат во групи кои се спротивставуваат на пучот за да ги следат активностите“, вели пребегнатиот капетан од Армијата на Мјанмар, Њи Тута за Reuters.

Пораките кои ги шират членовите на Армијата на неколку платформи Facebook, YouTube, TikTok, Twitter и Telegram ги обвинуваат демонстрантите за предавство, а изборните резултати за измама.

Војската ја презема контролата во Мјанмар во февруари откако на изборите победи партијата предводена од Аунг Сан Су Чи. Војската на изборите ја поддржуваше опозицијата и ја презема контролата од демократски избраната власт со обвинување за изборни нерегуларности. Изборната комисија објави дека нема никакви докази за нeрегуларност. Аунг Сан Су Чи, и членови на нејзината партија се во домашен притвор. Над 1000 цивили се убиени, а илјадници се уапсени откако армијата ја презема власта.

Facebook е недостапен во Мјанмар од февруари, но граѓаните преку VPN и натаму ја користат друштвената мрежа. Бројката е намалена од 28 милиони корисници пред забраната, на 20 милиони корисници по забраната, но друштвената мрежа и натаму е активна во државата. Припадниците на армијата мора да ги пријават своите профили на друштвените мрежи и не смеат да имаат никакви објави кои ја критикуваат хунтата или поддршка за лидерката Аунг Сан Су Чи.

Facebook прилично успешно се справи со првите дезинформации. Друштвената мрежа успеа да отстрани 98 отсто од говорот на омраза, сепак споделувањето од лажни профили е посебен предизвик, а компанијата сè уште не се справува доволно добро со овие објави.

Сепак најчест цели на кампањата сајбер војниците се нивните колеги од војската. Армијата стравува од дезертирање и менување на страната кај своите војници. Пребегнатиот капетан Њу Тита креираше онлајн група за поддршка за воениот персонал кој сака да дезертира. Групата за поддршка на Facebook има над 250 000 поддржувачи. Од почетокот на кризата од армијата дезертирале 2000 војници, вели капетанот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top