Јавните полначи за паметни телефони можеби изгледаат како добра идеја и некој пат нѐ спасуваат, но истовремено се и опасност. Дру Пајк од безбедносната компанија Authentic 8, предупреди дека USB портите сепак се направени за префрлање на податоци.
Хакерите до јавните полначи пристапуваат преку безжични мрежи, со техника која е наречена juice-jacking. Хакерот од телефонот може да преземе податоци или на него да инсталира малициозен софтвер. Сепак на крајот податоците од телефонот се во негови раце.
Решението на овој проблем всушност и не e премногу комплицирано. Постојат USB-кабли кои се користат единствено за полнење, овие кабли не може да се користат за праќање на податоци. Дополнително, подеднакво едноставен и попрактичен начин за заштита е користењето на преносни батерии. Батериите не само што се безбедно решение, туку се и практични и може да се користат насекаде.
Методот не е нов, а за опасностите на juice-jacking се зборува од поодамна, но дури и денес најголем дел од луѓето ги игнорираат. На RSA конференцијата во Сан Франциско, Authentic8 поставија полнач и на посетителите им понудија кабли. Дури 80% од нив ги полнеа уредите без грижа за безбедноста, јави CNN.







