Дуел Radeon Vega против GeForce GTX 1080 Ti на GDC 2017

во Хардвер

За следната недела е закажан Game Developers Conference 2017. Настанот вообичаено е фокусиран на софтвер, но оваа година свои конференции најавија Nvidia и AMD, пренесе PC World.

Очекувањата се дека AMD ќе ги претстави Vega графичките картички, а Nvidia треба да ја претстави GTX 1080 Ti. Двете компании најавија презентации, што не е нешто што често се случува на GDC.

Nvidia е далеку од најава на следната генерација на графички картички Volta, за ова да биде и реално остварливо. Засега веројатно е единствено Ti верзија на некоја од картичките. Kомпанијата може и да изненади со некоја функционалност како GeForce Now, функционалност која овозможува стрим на игри. Nvidia и досега имале неколку изненадувања на GDC, а едно од нив е и презентирањето на конзолата Shield. Сепак презентирање на следната генерација на графички картички е неверојатно.

AMD и презентацијата на Vega се чинат поизвесни. Компанијата веќе најави дека во 2017 ќе ја претстави новата генерација на графички картички. Официјално картичките ќе бидат достапни подоцна, но не е исклучено презентирање на можностите. AMD веќе и ги презенитраше можностите на Vega и Vulkan на Doom. Графичката картичка има импресивни перформанси надминувајќи ја GTX 1080.  Можно е и презентирање на Ryzen кој неофицијално е најавен за 2 март.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk