LastPass ја зголеми безбедноста со подолга мастер лозинка

Во потег кој требаше да дојде и порано, LastPass ја зголеми минималната должина на мастер лозинката. Отсега минималната должина на мастер лозинката на сите корисници ќе биде барем 12 карактери. Подолгите лозинки секако се во насока за поголема заштита на корисничките профили и за подобра безбедност онлајн.

Промените доаѓаат дури една година по кошмарната 2022 за LastPass. Во 2022 година напаѓачи успеаја да украдат податоци од корисниците. Овие податоци иако беа во рацете на напаѓачите останаа заштитени со главната лозинка.

LastPass ја објави промената на 2 јануари. Корисниците кои имаат лозинки подолги од 12 карактери и дополнителни мерки за безбедност нема да треба да прават дополнителни промени. Другите, ќе добијат известување дека треба да ја променат лозинката. Од следниот месец LastPass ќе додаде и функционалност која ќе проверува дали главната (мастер) лозинка е дел од познати листи на објавени лозинки на дарк веб.

Зошто се важни безбедни мастер лозинки

Главната или мастер лозинка е своевиден чувар на сите „тајни“ на корисникот кои се чуваат со менаџерите за лозинки како LastPass. Додавање на подолги комплексни лозинки ќе го отежни нивното пробивање, а со самото тоа ќе ја зголеми онлајн безбедноста на корисниците.

Подобра одбрана од „brute force“ напади

Еден од омилените начини за пробивање на лозинките е „brute force“.  Овие напади немаат некоја голема софистицираност, напаѓачот користи софтвер и ги проверува сите можни комбинации на букви, бројки, и специјални знаци, додека не ја погоди точната лозинка. Ова секако значи дека подолгите лозинки се потешки за откривање. Со минимум од 12-карактери бројот на потенцијалните комбинации е значително зголемен што ја подобрува и безбедноста.

Главната лозинка е „клучот“ кој ги чува сите податоци на безбедно во LastPass. Со зголемување на карактерите се додава дополнително ниво на нивната заштита. Безбедна главна лозинка има значително влијание на безбедноста на целиот дигитален еко-систем.

Усогласување со препораките на безбедносните експерти

Најголем дел од безбедносните експерти имаа критики за праксата на LastPass да дозволува пократки лозинки. Насоките и препораките од Националниот институт за стандарди и технологија се дека лозинки подолги од 12 карактери значително влијаат на поголемата безбедност на лозинките. Секако не постоеше пречка ниту претходно корисниците на LastPass самите да креираат подолга лозинка, но сега зголемената безбедност не е избор.

Која е користа од менаџери за лозинки

Користењето на менаџери за лозинки значително го олеснува одржувањето на онлајн безбедноста. Правилното користење и безбедните практики се клучни за одржување на онлајн безбедноста. Еве неколку придобивки од користењето на менаџерите за лозинки.

Поедноставено управување со лозинки

Менаџерите со лозинки како LastPass ја олеснуваат често здодевната задача за управување со бројни лозинки. Со можноста за генерирање и складирање сложени лозинки, корисниците можат да обезбедат уникатни лозинки за секоја сметка и без непотребен напор да ги запомнат сите. Користењето на уникатни лозинки е исклучително важно за зачувување на безбедноста при масовни пробивања. Во овој случај корисниците кои имаат различни лозинки ќе треба да променат лозинка на едно место. Останатите кои користат иста комбинација на корисничко име и лозинка насекаде, може да имаат и посериозни проблеми.

Интеграција на мулти-факторска автентикација (MFA).

Повеќето подобри менаџери на лозинки нудат функции за автентикација со повеќе фактори (MFA). Ова е дополнителен слој на безбедност и додава дополнителен чекор во процесот на најавување. Со него значително се намалува ризикот од неовластен, пристап дури и ако лозинката е компромитирана.

Редовни ревизии и ажурирања на лозинките

Веројатно сите кои имаат профили на повеќе сервиси веќе знаат колкава главоболка е одржување на лозинките безбедни. Менаџерите на лозинки значително ја олеснуваат редовната ревизија на зачуваните лозинки. Најголема предност е идентификувањето на слаби и повторно употребени лозинки, но и известувања за лозинки кои се пронајдени во база на пробиени и откриени лозинки.

Промените кои ги направи LastPass со лимит од барем 12-карактери за лозинка се добар чекор за подобра онлајн безбедност. Оваа промена значително ја зголемува онлајн безбедноста на корисниците во период во кој се поголем е бројот на напади, но и софистицираноста на напаѓачите

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments