{mosimage}На официјалниот блог на Google, менаџерот за продукти Трејси Чан во својот најнов пост ја претстави новата алатка која е имплементирана во YouTube и која овозможува на луѓето кои имаат закачено видеа на сајтот да прегледуваат детални статистики за нивните видеа. Алатката е достапна за користење од страна на корисниците, партнерите и на оние кои се рекламираат.
Со новата алатка корисникот може да прегледа од која земја потекнуваат гледачите на неговото видео, да провери каква е неговата популарност во тој вид на објавени видеа. Корисниците ќе можат да гледаат и во кои денови нивните видеа доживуваат поголема популарност.
Кликнете на "About this Video" копчето под My Accounts > Videos, Favorites, Playlists > Manage my Videos.
Навистина чудно што на YouTube им требаше толку многу време да овозможат вакво нешто, но сепак чекорот е за поздравување. Со оваа алатка создавачите на видеа сега ќе можат статистички да пристапат кон своите содржини.
Инаку, алатката по изглед е слична на Google Analytics.






