0 коментари 2 мин. читање

Надополнување: Wikimedia со уште $500,000

{mosimage}Непрофитната фондација Wikimedia која стои позади Wikipedia.com – онлајн енциклопедија која го измени начинот на кој се доаѓа до информации во светот, доби донација од 3 милиони американски долари, што е до сега најголема донација која оваа организација ја има добиено. Донацијата е од Alfred P. Sloan фондацијата.

Донацијата ќе биде овозможена за користење во следните три години, секоја година по 1 милион.

Целта на оваа донација е да помогне на Wikimedia да се стабилизира финансиски со што ќе може да вработи нови лица и ќе може да го подобри квалитетот на содржините на Wikipedia.

Џими Велс, создавачот на овој проект, изјави дека оваа донација треба да ги поттикне и другите кои имаат можност да допринесат и изјави дека со давање на вакви големи пари од светски познатата фондација Alfred P. Sloan се истакнува сериозноста на проектот Wikipedia.

Сегашниот буџет на фондацијата од $4,6 милиони кој ги покрива трошоците за сервери на кои се хостираат страниците ќе биде видно зајакнат со новата донација и компанијата која е базирана во Сан Франциско со новите пари најави подобрување на страната, софтверот и значајно ќе ја подобри организацијата на содржините. Досега Wikimedia обезбедуваше средства преку индивидуални донации.

Wikipedia.com беше објавена во 2001 година и е една од најпознатите и најкористените веб страни во светот.

Надополнување:
За само два дена по големата донација, Џими Велс прими нов чек на 500,000 американски долари од инвеститорот Винод Кхосла и неговата жена Нееру. Како ќе бидат искористени парите на Кхосла сеуште не е дефинирано, но по оваа донација веќе е јасно дека Wikimedia цврсто ќе застане на нозе и ќе чека уште поголем број на вакви пријатни "изненадувања".

Оргиналниот текст е објавен на 26.03.2007.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top