0 коментари 1 мин. читање

Портал со кредитни картички

{mosimage}Експерти во сигурносната индустрија открија "подземен" портал за продавање и размена на украдени кредитни картички за измамниците. Сајтот SellCVV2 ја користел хостинг услугата на Google – Blogspot, кое било типично место за повеќе такви портали кои промовирале украдени информации за кредитни картички, изјавува компанијата Finjan.

Главниот офицер за технологии во компанијата Finjan, изјавил дека сајтот располагал со високо ниво на комерцијализација на вмешаните трговци. Цените на украдените кредитени картички варирале зависно од тоа дали било Classic Visa или MasterCard, или пак премиум сметки како што се Gold, Platinum или Business/Corporate картички како и земјата на издадената картичка.

Од 38$ американски долари за еден сет од премиум картички во мали количини, до 10$ долари за класичните картички со количина од 100 и повеќе.

{mosimage}

Експертите изјавуваат доколку до сега немало доволно докази дека се работи за сериозни проблеми што ја чека индустријата за прифаќање и процесирање на кредитни картички, тогаш ова претставува чист пример за тоа.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top