0 коментари 2 мин. читање 19 ноември, 2014

Facebook се обидува да биде извор на ИТ вести

Facebook ја претстави новата FB Techwire страна, налик на FB Newswire каде што агрегира актуелни вести од светот, со разлика што новата страна ќе биде потполно посветена на ИТ вести и наука. Станува збор за агрегатор на проверени и најдобри содржини кои ќе им бидат презентирани на корисниците од тимот на Techwire.

„Денес ја претставуваме FB Techwire, извор за новинарите на кој ќе можат да откријат оригинални содржини вклучувајќи вести од кои ќе ви запре здивот, анализи, фотографии и видеа постирани од Facebook од влијателни технолошки извори и организации. Како и FB Newswire, FB Techwire доаѓа од Storyfull, лидер за откривање на соцржини на друштвените медиуми и проверка во редакциите“.

Интересно, Facebook најави дека овие ИТ вести ќе можат да се најдат и на Twitter на @fbtechwire. Ова секако е обид на Facebook да стане актуелен за време на важни настани, и да го стигне Twitter кој се почесто е првото место каде се објавуваат актуелни и најнови вести.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top