Yahoo! со нова понуда од Microsoft!?

во Блог

Денеска акциите на Yahoo! се зголемија за 3 проценти откако повторно се раширија гласини дека Microsoft планира да настапи со нова понуда за купување на компанијата. Гласините се раширија на интернет и се иницирани од финансискиот аналитичар Марк Махани од Citigroup, кој тврди дека од причина што Microsoft е скоро очаен цврсто да навлезе во дигиталниот маркетинг нема така лесно да се откаже од присвојување на веб порталот.

Досадно е веќе да напоменуваме дека на 1 Февруари оваа година, извршниот директор на Microsoft Стив Балмер, упати изненадувачка официјална понуда до Yahoo! за нивно купување со цена од 31 американски долар по акција или опција за замена на акциите со оние на Microsoft за заинтересираните акционери.

Yahoo! ја одби оваа понуда сметајќи дека компанијата им вреди повеќе од "само" 44,6 милијарди долари и покрај фактот дека во тој момент, иаку се искачија за 3% (на сума од $28.33), акциите сеуште им беа под понудената цена на Балмер.

Игрите не застанаа тука и убедени во фактот дека Microsoft е решен да стане главниот конкурент на Google како на многу полиња, така и во е-маркетингот… извршниот одбор на Yahoo! започна да игра итро прифаќајки нова финансиска и бизнис стратегија за настап во следните 3 години од која се очекува привлекување на поголем пазар и двојно зголемување на профитот дури и ако Yahoo! продолжи да биде самостојна компанија.

Yahoo! исто така инстанто го подобри и зголеми својот маркетинг и дури се обиде да се понуди и на човекот кој ја поседува News корпорацијата, Руперт Мурдок, за да добие одговор од него дека неговата понуда нема да биде повисока од таа на Microsoft. Компанијата се обидува и да воспостави преговори и со Time Warner, корпорацијата која го поседува порталот Aol.com.

Дали ова е само една добро планирана игра помеѓу големите играчи за зголемување на вредноста на акциите на компаниите кои ја играат, или пак навистина Microsoft ќе достави нова понуда…. Stay tuned.

Постов е дел од моето "ветување" во текстот за радио рекламирањето на Yahoo! дека одблиску ќе ги пратиме активностите на компанијата за да видиме што навистина ќе се случи…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments