Ден на слобода на документите

во ИТ.МК

{mosimage}Денес, среда 26 Март, во културниот центар Точка ќе се одржи презентација по повод Денот на слобода на документите, организирана од Слободен софтвер Македонија. Ова ќе биде одбележување на првиот глобален Ден на слобода на документи, кој е поддржан од повеќе организации и компании како ODF Alliance, OpenForum Europe, IBM, Red Hat, Sun Microsystems и многу други.

Оваа презентација ќе го одбележи проектот инициран од Европската фондација за слободен софтвер и како своја цел има да го подигне нивното на употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваат на било која платформа.

Како што стои во објаснувањето на овој настан, Слобода на документите претставува користење на отворени формати за запис, базирани на отворени стандарди со тоа што податоците остануваат под контрола на корисникот.

На програмата во среда се планира:

– вовед за Денот на слобода на документи
– презентација за тоа што се слободни документи, зошто се потребни на еден корисник и како да се дојде до нив
– практични примери од секојдневието за тоа како корисниците да се снајдат со неслободни документи и да ги избегнат затворените стандарди

Настанот ќе започне во 20 часот.

Организацијата која стои зад овој настан е непрофитна организација која се занимава со промовирање на слободен софтвер и култура во Македонија. Слободен софтвер Македонија за своја цел има создавање на свет како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер.

Слободниот софтвер е важен за дигиталниот развој затоа што овозможува слобода во користењето на технологијата. Слободниот софтвер практично иницира слободна размена на знаење и идеи, најчесто застапена во научните области.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk