Yahoo денес ја објави новата верзија на својата почетна страница за која велат дека е дизајнирана да биде поинтуитивна и персонализирана. До оваа верзија на Yahoo некои корисници имаа пристап уште во јануари, а наскоро најавуваат дека ќе биде достапна за сите други.
Се работи за поедноставување на дизајнот, а персонализацијата ќе можете да ја извршите со најавување преку вашиот Yahoo или Facebook профил. Покрај можноста да изберете теми кои ве интересират и ќе добивате новости од истите, новиот Yahoo ќе овозможи и прикажување на новостите споделени од вашите пријатели.
Ова е втора промена на Yahoo откако водството го превзеде Мaриса Маер, поранешна директорка за продукти во Google, во јуни минатата година. Во декември свој редизајн претрпи Yahoo Mail, а за новиот дизајн на Yahoo вели дека сакала почетната страница да ја направат посвежа и подинамина. Новиот дизајн ќе биде применет само на американската верзија на Yahoo, до која може да се пристапи преку адресата us.yahoo.com.








