Playstation 4 ќе се продава од ноември?

во Хардвер

Новиот Playstation 4 ќе биде достапен во ноември, и ќе биде достапна како два модели од 429 и 529 долари, известува Kotaku. Новата конзола, позната и како Orbis,ќе доаѓа со подобрен контролер на кој се очекува да има тач-пад и сензор кој ќе детектира движење, но и можност да споделите што правите со вашите PS пријатели преку притискање на едно копче. Покрај ова на конзолата ќе можат да се поврзат повеќе играчи истовремено. Слично како Xbox новата контрола ќе може да се контролира и преку таблет или паметен телефон.

За жал речиси сите услуги на новата PlayStation World мрежа дополнително ќе се наплаќаат. Покрај ова Sony го регистрираше и PlayStation Cloud доменот, кој без сомневање ќе биде производ на интеграцијата на Gaikai и Sony. Иако неофицијално плаќањето за мултиплеер играње е одсега е дочекано со негодување кај можните корисници. Покрај ова корисниците воопшто не се воодушевени од неможноста на новата конзола да се играат веќе „најавени“ игри.

Најголем дел од шпекулациите за новата конзола ќе завршат подоцна денес, во прес-конференцијата на Sony во Њу Јорк на која и официјално ќе се претстави новата конзола. Тука може да го следите настанот во живо.

Get Adobe Flash player

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk