Google конечно го покажа интерфејсот на Google Glass

1 коментар 1 мин. читање

Вака изгледа преку „стаклото“, вели Google во своето ново видео во кое го покажа интефејсот на нивниот проект Google Glass. Се работи за футуристичките наочари со екран, проширена реалност и гласовно пребарување кои според Google ќе ни го револуционизира погледот врз светот.

Google уште пред година дена ги покажа овие неверојатни наочари, но освен тоа што го видовме ко-основачот Сергеј Брин како ги носи насекаде и едно фасцинантно демо, немаше многу детали за самиот интерфејс и како всушност се користат наочарите. Сега новото видео ни го октрива екранчето со проширената реалност кое изгледа навистина мало, но кое е доволно за да не го одвлекува вниманието од тоа што се случува пред вас.

Во моментов Google Glass се нуди на развивачите на апликации и „креативните и храбри индивидуалци“ во САД, но се уште нема најави колку ќе чинат такви наочари (прототипот Glass Explorer Edition чини 1.500 долари) и кога ќе бидат достапни да се купат. Интересно, за да се аплицира за прототип корисниците треба да напишат во 50 збора за што ќе го користата Glass и да ги објават на Twitter или Google+ со хаштагот #ifihadglass.

[youtube]v1uyQZNg2vE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед