0 коментари 2 мин. читање 17 мај, 2013

Yahoo ќе го купи Tumblr за 1 милијарда долари?

Дали Yahoo сака да биде кул пак со купувањето на Tumblr? Според информациите од AllThings D, Мариса Маер е на патот да ја купи платформата за блогирање за една милијарда долари. Овој потег не е нималку изненадувачки доколку го земеме фактот дека г-ѓа. Маер откако ја презеде диригентската палка на Yahoo се обидува да ги придобие младите корисници.

Tumblr е моќна платформа со над 100 милиони блогови и 50 милијарди постови која има скромни приходи и покрај тоа што се повеќе брендови ја користат за промоција, со оглед на тоа што доаѓа во минималистичка форма и е едноставна за користење. Иако сѐ уште ништо не е официјално потврдено, разни медиуми пренесуваат дека Yahoo и Tumblr ќе дојдат до договор.

Дополнителна причина која води до тоа дека оваа купување на Yahoo ќе се оствари е дека Tumblr во последниот период има проблеми со приходите, па со сигурност им е потребно освежување. Од друга страна пак, големата база на корисници е полн погодок за Yahoo.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top