0 коментари 1 мин. читање

Пристигнаа првите апликации за Google Glass

Седум нови апликации пристигаат за Google Glass. Станува збор за News Alert од CNN, Fashion Feature на Elle, Twitter, Tumblr, Facebook и Evernote. Сите апликации се наречени Glassware, а Google ги најави на I/O, известува New York Times.

Компанијата сака девелоперите за Glass да истражуваат со своите апликации, но да не бидат премногу интрузивни и да им пречат на корисниците. Aпликациите не треба да бидат причина на разни незгоди. Покрај ова токму апликациите мора да ги заинтересираат идните корисници за Google Glass, но и да ги убедат скептиците во издржаноста на проектот. Засега бројот на апликации е прилично мал и покрај новите седум, тука се Search и Maps од Google, поврзувањето на Glass со телефоните за прикажување на SMS порака, фотографирање и снимање на видео.

Досега во тест фазата апликациите не содржат реклами, што може да значи дека рекламите ќе дојдат подоцна, но и дека компанијата ќе изнајде нов начин за презентирање на рекламите. За дизајнерите за Glass, Google ги дава следниве совети:

  • Нека биде „кратко и слатко“ за мал екран;
  • Користете релевантни „предупредувања“;
  • Испраќајте ги информациите навремено и
  • Направете управувањето со апликациите да биде поедноставно отколку на останатите уреди.

Пакетот Glassware ќе им биде достапен на сите кои ги купиле очилата во претпродажба.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top