Yahoo! го објави својот профит за Q1

во Блог

Денеска Yahoo! ги објави своите финансиски резултати за првата четвртина од 2008 година, кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои очекуваа 1.32 милијарди US долари. Споредено со резултатите од минатата година, компанијата бележи пораст на својот профит кој изнесува 1.35 милијарди долари од 7 проценти.

Џери Јанг, извршниот директор на Yahoo! во соопштението изјави дека компанијата верува дека ќе може значајно и тоа за краток период да го зголеми својот профит, да ја врати некогашната историска вредност на своите акции и двојно да го зголеми оперативниот тек на кеш до 2010 година. Тој исто така изјави дека резултатите од првите три месеци во оваа година се сосема солидни.

{mosimage}

Интересно е тоа што остануваат уште само 5 дена од ултиматумот на Балмер по чие истекување Microsoft ќе пристапи директно до инвеститорите на Yahoo! со понуда да ги продадат своите акции.

Во вторникот Балмер за Reuters изјавил дека им посакува среќа на Yahoo! во истакнување на своите финансиски извештаи, но јасно рекол дека тоа нема да влијае на вредноста на компанијата во очите на Microsoft.

Во меѓувреме додека сеуште се шпекулира дали Yahoo! ќе биде купен од страна на Microsoft, компанијата разгледува се посериозни алтернативи за здружување со Time Warner или пак соработка со Google и истакнување на нивните AdSense реклами во својот интернет пребарувач преку кои Yahoo! ќе заработува од 35 до 40% од вредноста на кликот.

За втората четвртина менаџментот очекува профит од 1.73 до 1.93 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments