{mosimage}По објавување на плановите за свое ребрендирање од Македонски телекомуникации (МТнет) во T-Home брендот на Дојче Телеком и менување на своето трговско име во Македонски Телеком – акционерско друштво за електронски комуникации, компанијата најави и дека од 4 мај е-маил корисниците на сервисот на МТнет (@mt.net.mk) ќе имаат нов домен, @t-home.mk.
Започнувајќи од споменатиот датум, сите е-маил кориснички имиња ќе добијат нов домен, па така наместо [email protected], ќе го имате е-маилот [email protected].
Објавено е и детално објаснување за како да го подесите својот е-маил клиент доколку го користите за @mt.net.mk е-маилот. Иаку се објавени само деталите за Outlook, отприлика истите промени важат и за другите е-маил клиенти.
За сите информации и решавање на проблемите, обратете се на добро познатиот бесплатен телефонски број за поддршка – 0800 12345.
Со ребрендирањето, како што беше објавено во соопштението на 16 Април "компанијата ќе стане член на најголемато светско телекомуникациско семејство. Со ова македонските корисници ќе имаат можност, заедно со уште над 150 милиони корисници, да ги уживаат привилегиите кои ги нуди Т брендот во над 50 земји низ целиот свет. VoIP и IPTV се значаен дел од услугите, кои ќе им бидат понудени на корисниците."






