Wreckfest 2: Реалистичен судир со раниот пристап на Steam!

Зошто да ја проверите играта сега?

  • Реалистично уништување и физика: новиот систем за оштетување е реалистичен, со бројни визуелно-импресивни хаотични ситуации кои се значително подобрување во однос на претходната игра, нудејќи вистинско чувство на хаос и реализам.
  • Колаборативно развивање и можност за влијание: Bugbear и THQ Nordic активно бараат повратни информации од играчите. Со тоа што ќе се вклучите во раниот пристап, ќе имате можност да влијаете на развојот на играта, да ги споделите вашите идеи и да помогнете во обликувањето на финалниот производ.
  • Визуелно и аудио импресивно искуство: и покрај тоа што е во рана фаза, Wreckfest 2 веќе нуди визуелно зачудувачка графика и моќни звучни ефекти. Овие елементи значително го зголемуваат чувството на имерзија.

Bugbear Entertainment, познати по нивната тркачка игра полна со автомобилско уништување, Wreckfest, го лансираа нивниот долго-очекуван продолжеток, Wreckfest 2, во раниот пристап на Steam. Оваа ново издание ветува значителен скок напред бидејќи, како објаснуваат авторите, се работи за механики кои се поттикнатти од преработен енџин за физичка симулација, извлекувајќи максимум од капацитетите на современиот хардвер. Благодарение на ова, можеме да се радуваме на поведородостојни судири, покомплексни оштетувања на компонентите и севкупно подобрување на хаотичните интеракции на возилата.

Хаос на тркала!

Нашето првично искуство со Wreckfest 2 јасно покажа дека новиот систем за оштетување го подигнува реализмот на сосема ново ниво. Секоја промена на брзината сега има опиплив ефект, предизвикувајќи веродостојно занесување на возилото кое бара прецизна контрола. Невнимателното возење е безмилосно казнето: гумите пукаат со експлозивен звук, а моторите откажуваат со драматични облаци од густ, црн чад.

Ова не е само површинско оштетување; секој судир и секоја грешка се рефлектираат на комплексен начин, со детални оштетувања на бројни индивидуални делови. Визуелниот спектакл на искри, делови што летаат, и деформирани каросерии создава чувство на хаос и интензитет кое е навистина импресивно. Системот за оштетување во Wreckfest 2 не е само карактеристика, туку суштински дел од искуството, претворајќи ја секоја трка во вистинска борба за опстанок.

Кој рано рани…

Раниот пристап на Wreckfest 2 е замислен  да биде колаборативен процес. Развојното студио Bugbear Entertainment и издавачот THQ Nordic активно бараат повратни информации од играчите. Доколку сега навлезете во играта, ќе наидете на основните режими, вклучувајќи Трки, Дерби и Мултиплеер. Понатамошното развивање ќе вклучува преработен режим на кариера, подобрено онлајн поврзување и постабилни сервери.

Понатаму, програмерите планираат да воведат разновидни нови патеки и арени, проширувајќи ги разновидните средини на играта. Прилагодувањето останува клучна карактеристика, со растечки опсег на опции кои ќе ви дозволуват максимално уредување на вашите деликатни возила. Идните ажурирања ќе ви дозволаат и да ги споделувате вашите дизајни со целата заедница, како и да преземате нивни откачени дизајни.

Иако Wreckfest 2 во моментов е во рана фаза на пристап, и важно е да се има на ум дека содржината е релативно ограничена, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Во овој момент, играчите можат да очекуваат помал избор на возила и патеки за тркање, заедно со основните режими за соло и мултиплеер. Режимот за кариера, кој ќе овозможи подлабоко навлегување во светот на Wreckfest 2 и градење на сопствена репутација, е планиран да се додаде во иднина.

Сепак, она што е веќе присутно во оваа рана фаза е исклучително полирано и ветува многу за иднината. Ќе бидете веднаш импресионирани од визуелно зачудувачката графика, која е не само прекрасна за гледање, туку и одлично оптимизирана, обезбедувајќи непречено искуство дури и при најинтензивните судири.

Моќните звучни ефекти дополнително го збогатуваат искуството, создавајќи атмосфера на хаос и возбуда која целосно ве вовлекува во акцијата. Секој удар, крик на моторот и шкрипење на метал-врз-метал се пренесени со неверојатна верност, правејќи ја секоја трка да понуди незаменливо адреналинско искуство. Иако содржината е ограничена, квалитетот на она што е присутно е неспорен, што ја прави Wreckfest 2 игра која вреди да се следи.

Адреналински и динамични битки со огромна доза на реализам

За уште поуникатни и забавни сценарија, Wreckfest 2 ќе содржи специјални предизвици кои ги ставаат играчите зад воланот на неконвенционални возила. Значаен додаток e и поддршката за модови преку Steam Workshop, овозможувајќи обемно прилагодување водено од играчите. Развојниот тим нагласува дека оваа рана фаза ќе се користи за подобрување на играта, проширување на содржината и имплементирање на клучните карактеристики, осигурувајќи дека конечното издание на Wreckfest 2 ќе испорача спектакуларно искуство.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Bugbear
  • Издава: THQ Nordic
  • Жанр: симулација, тркање
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 20 март 2025

Претходна игра на THQ Nordic за која имавме преглед:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments