WordPress.com како блог платформа за создавање веб сајтови расте од ден во ден, а за тоа се заслужни луѓето од Automattic, компанијата која стои буквално позади се што работи на WordPress, како и самиот тој софтвер.
Порано, тоа беше само софтвер за блогирање, а денес се работи за еден одличен и многу моќен систем за управување со содржината (анг. CMS – Content Management System). Како Autommatic стигна до ова ниво и планира да продолжи да руши се пред себе? Така што, од компанијата директно го рекламираат својот производ како успешно решение за платформа за својот веб-сајт за бендови, свадби, градови и нешто најнови – ресторани.
Преку овие нови „сервиси“, од Autommatic на своите корисници им нудат лесно управување со својот веб-сајт кој ја обработува таа темата. На пример, новата можност за веб-сајт за ресторани им нуди на корисниците едносавно создавање на мени. Додека пак, проектот „Cities“ доаѓа со веќе готови нацрти кои е потребно само да бидат пополнети со информациите за градот.
Во моментот 17,4 посто од најдобрите милион сајтови во светот работат на WordPress, исто како и IT.com.mk. Изгледа дека Automattic со WordPress се спремни за целосна веб доминација, а дали ќе успеат во своите цели ќе покаже времето.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.