Околу 15 отсто од европејците кои имаат паметен телефон, имаат и таблет компјутер

0 коментари 1 мин. читање

Скоро секој шести жител на западна европска земја, покрај паметен телефон, има и таблет компјутер, велат comScore кои направија анализа во Шпанија, Италија, Франција, Германија и Британија. Ова е пораст од 6,2 отсто од лани кога 9,3 корисници на паметни телефони имаа и таблет компјутер. Но, сепак не треба да се заборави дека зборуваме за анализа направена со корисници од побогатите земји на континентот. Сигурно процентот ќе се намали ако се погледне и статистиката во источна Европа.

Во тие EU5 земји пенетрацијата на паметни телефони изнесува околу 53 отсто, или 130 милиони луѓе. Анализата е направена во септември, па може да се претпостави дека бројката ќе се качи по новогодишните празници.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top