Woolet 2.0 е Bluetooth паричник кој нема да можете лесно да го заборавите

Во време на забрзано живеење и френетична потреба за мултитаскинг, расеаноста цвета со полна пареа и најчестите жртви се или вашите клучеви или паричникот.

Woolet 2.0. е паричник кој нема да можете лесно да го заборавите, камо ли да го изгубите. Наспроти името, кое би можело да алудира дека се работи за волнен паричник, Woolet е всушност направен од кожа и по сите физички показатели воопшто не се истакнува од морето класични паричници.

Скап, но високо квалитетен паричник кој тешко ќе го изгубите

Пробајте да се оддалечите од Woolet и придружувачката апликација ќе почне звучно да ве известува за таквото нешто преку вашиот телефон. Во случај да не можете да се сетите каде последен пат сте го оставиле, телефонската апликација ќе ви каже каде се наоѓа паричникот, па дури и ќе го менува ритамот на звукот како се доближувате накај паричникот. Тајната се крие во едноставен Bluetooth чип кој е сошиен во паричникот и комуницира преку соодветната телефонска апликација. Woolet се полни преку QI бежична станица и таквото целосно полнење држи добри шест месеци.

Woolet бара iPhone 4s или понов или Android направа со Bluetooth 4 или повисоко

Паричникот се испорачува во кафеава или црна верзија. Помалата верзија, меѓутоа, чини 130 долари, а поголемата 150. Со оглед на високата цена, во кој е вклучен и златниот пин од 24 карати, можеби е подобро да си купите Tile Slim – засебен Bluetooth сензор кој можете да си го вметнете во каков било паричник или, кога сме кај тоа, во каков било предмет кој не би сакале да го изгубите. Tile Slim можеби е поевтин, но е со еднократна употреба која завршува по година дена користење.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments