Проследете го Apple WWDC во живо со Web Factory

Веќе традиционално Web Factory организира групно следење на најголемите и најважните настани за девелоперите. Следен настан на листата по Google I/O e WWDC Live Stream на Apple.

Google I/O Extended 2017 го проследивме во супер атмосфера и одлична дружба. Имајќи го предвид и позитивното искуство од минатогодишниот WWDC Live Stream, задоволство ни е и оваа година да ги поканиме фановите на Apple и заедно да ја проследиме нивната конференција со пренос во живо“, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи на 05 јуни 2017 година со почеток во 19.00 часот, a  во просториите на Web Factory настанот започнува во 18:00. Досегашните посетители се навикнати на програмата. Настаните започнуваат со запознавање и неформални средби, по што следи следење на самиот настан и споделување на импресиите. Настанот е отворен за присуство, но поради ограничениот простор сите заинтересирани треба да се регистрираат.

Вообичаено настаните на Apple имаат по некое изненадување. Вообичаено овој термин е за презентации на софтверот, а многу поретко хардвер. Сепак оваа година се навршуваат 10 години од првиот iPhone па очекуваме некое изненадување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk