Women In Tech Macedonia со повик за Youth амбасадори

во ИТ.МК

Ова е гостински текст на Women In Tech Macedonia. Women in Tech е непрофитна организација чија мисија е да се затвори родовиот јаз и да им помогне на жените полесно да се вклучат во технологијата.

Целта на организацијата е да се едуцираат, охрабрат и оспособат жените и девојчињата со потребните вештини за успешна кариера во областа на ИКТ и СТЕМ.


Women In Tech Global и Women In Tech Македонија ве повикуваат да се приклучите и да станете дел од нивната програма, Women In Tech Youth Ambassadors, наменета за млади девојки од 16 до 21 година.

Нееднаквоста на работното место започнува со нееднаквоста во училницата. Истражувањата покажуваат дека родовиот стереотип почнува уште со бирање на предмети, како што е математиката, и има директна врска со фактот дека помалку девојчиња ги избираат овие предмети во своето понатамошно образование. Со ова се намалува веројатноста девојките да се насочат кон области кои ги изучуваат овие предмети.

Women In Tech Youth иницијативата е наменета да им даде простор на младите девојки да ја подигнат свеста за овој проблем, да влијаат на истиот и да придонесат кон надминување на родовиот јаз во ИТ секторот.

Ако сакате да станете Youth Ambassador, да соработувате со девојки од целиот свет и заедно да создадете поинклузивна средина, овој повик е за вас.

Пријавете се така што ќе ја пополните формата на следниот линк.

За повеќе информации следете ги Women In Tech Macedonia на Facebook, Instagram и LinkedIn.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments