Emdoor и Ployer се наjверојатно производители за кои најголем број од нас не ни слушнале, но овие компании ги креираа најевтините Windows таблет компјутери. Цената на таблет компјутерите е 65 долари, а тоа е поевтинo и од верзијата на оперативниот систем, вели Geek.
Станува збор за 7 и 8-инчни таблет компјутери а со оглед на цената не треба да ве изненади што хардверот навистина е основен. Двата таблети доаѓаат со Intel Atom Z3735G процесори и 1 GB RAM. Со оглед на големината на оперативниот систем просторот од 16GB не е преголем но производителите оставија можност за негово проширување со microSD картичка.
Цената е волку ниска поради хардверот кој е далеку послаб од тоа што може да го најдете кај конкуренцијата. Но, исто така овие таблети се дел од напорите на Microsoft да го зголеми делот од приходите од софтвер, истовремено намалувајќи ја цената на Windows. Компанијата се надева дека со ова ќе бидат зголемени приходите од другите услуги како и од дел од програмите, но пред се најпрво се надеваат на популаризација на платформата.







