Windows маки: Како да бидете сигурни дека сте ги избришале податоците од дискот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети, Софтвер

Пред неколку недели да заштедам време наместо стандардното „направи си бекап, па после реинсталирај Windows“, одлучив да пробам како функционира Windows Recovery – Reset PC (hint: не заштедив време). Функционалноста на корисникот му овозможува да го ресетира Windows и да одбере дали сака да ги зачува своите фајлови или ќе избрише сѐ.

За жал не одеше сѐ по планот, за време на инсталацијата снема струја и инсталацијата престана. Секако ова значеше дека инсталацијата нема да продолжи без проблем. По неколку обиди да продолжам со инсталацијата, на крај мораше да се откажам од оваа идеја. Но за среќа по неколку обиди проработе „repair“ опцијата, но веднаш по стартувањето на Windows ме пречека непријатно изненадување. Фајловите кои требаше да бидат останати на десктоп ги немаше нигде…

За среќа благодарение на софтверот WinfrGUI за кој пишуваше Мартин успеав да ги вратам фајловите кои ми требаа. За жал тоа не беа единствените фајлови кои WinfrGUI успеа да ги врати, во фајловите имаше и тон слики и еден текст фајл / листа со лозинки кои ги имав избришано од поодамна . Очигледно целосно отстранувањето на фајлови од дискот е потешко од единствено бришење на фајлови или форматирање на диск, за среќа сепак може да ги избришеме нашите „отпечатоци“, иако процесот е подолг.

Добри вести се дека на Интернет има многу објаснувања како да избришете сѐ од дисковите.

Бришење од SSD

Бришењето од солид-стејт диск се разликува од бришењето на податоци од хард диск. Главна причина за ова е што SSD немаат магнетизам кој може да остави податоци на дискот и по неговото бришење. Дополнително поради начинот на кој работи SSD и за да обезбеди доверлива работа дел од блоковите (од 5 до 10 %) се недостапни за пишување, но на нив може да останат податоци.

Безбедно бришење на податоците од SSD е овозможено со софтвер кој го издаваат производителите или со функционалности кои доаѓаат со дел од матичните плочи. Секако има и универзален софтвер, а и бесплатни алатки кои се достапни за бришење на дисковите.

Функционалноста за бришење на SSD преку BIOS-от на матичната плоча најчесто е сместена во алатките (Tool) и како дел од името има „Secure Erase“, на пример каj ASUS името е ASUS Secure Erase. Сѐ што треба да направите откако ќе ја пронајдете алатката е да го одберете дискот и да потврдите дека ги бришете податоците.

Дел од производителите имаат сопствен софтвер за бришење на податоци од SSD. Еве неколку алатки кои се достапни ;  ; Kingston SSD Manager… За жал овој софтвер не е универзален, и често функционалноста не е достапна дури ниту за сите модели од производителот.

Користење на Windows Diskpart

Windows Diskpart е бесплатна алатка која е достапна на Windows. За бришење на boot-драјвот е потребна инсталациона верзија на Windows 10. За другите дискови нема потреба од никаква подготовка.

Најпрво треба да се отвори command prompt, со инсталационен диск – Shift+F10, од Windows во лентата за пребарување внесете „cmd“ и од десната страна одберете „Run as administrator“.

Влезете во diskpart, само впишете diskpart и „Enter“. Промптот ќе се промени во DISKPART>. Внесете „list disk“. Ова ќе ја отвори листата на дискови на вашиот компјутер, ако имате само еден диск ќе видите само Disk 0.

Одберете го дискот кој сакате да го избришете select disk [реден број на дискот] пример select disk 0. Впишете clean all. Процесот ќе започне и по неколку минути дискот ќе биде избришан.

Како да го избришете хард дискот

За среќа бришењето на податоци од хардискот е поедноставно.  Главна причина за ова e што бесплатниот софтвер Darik’s Boot And Nuke (DBAN) е доволно добар да биде на најголем дел на листите „препорачан софтвер за бришење податоци“. Дополнително поради различниот начин на бришење на податоците од хард дискот ова е универзална алатка за сите модели.

Податоците од хард дисковите се бришат со нивно пребришување неколку пати. Ова е токму тоа што го прави и алатката. Неколку пати запишува различни информации на целиот диск.

Како се користи DBAN

Најпрво ISO-ото на DBAN треба да се „префли“ на USB стикче за тоа да биде бутабилно. Аврам Пилч од Tom’s Hardware за ова го препорачува Rufus.

По стартувањето на Rufus корисникот го одбира DBAN ISO-то и одбира „Start“. По ова ќе го пречека воведниот екран на Darik’s Boot and Nuke.

Оттука корисникот само ги следи упатствата, одбира кои дискови сака да ги избрише и начин на кој сака да ги пребрише подаатоците.

Процесот не е краток и зависи и од капацитетот на дискот, но и од бројот на пребришувања кои сака да ги направи корисникот, па може да трае од неколку минути, до повеќе часови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk