Американскиот стартап за електрични возила Rivian отвора развоен центар во Белград

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Американскиот производител на електрични пикап камиони и теренски возила Rivian официјално објави дека отвора развоен центар во Србија. Центарот ќе биде лоциран во Белград и во него ќе бидат вработени околу 200 инженери. Компанијата во Србија е креирана во јули 2022, а ќе работи под името „Rivian SE Europe d.o.o. Beograd“.

Rivian R1T

Работните позиции кои ќе бидат отворени во Белград се од области на напредни технологии поврзани со автомобилската индустрија, како: мапирање, инфотрејмент, напредни системи за асистирање на возачите, и ИТ услуги.  Регрутирањето за работниците е веќе започнато, а новоотворените позиции во Србија се веќе видливи и на веб-страницата на Rivian.

„Навистина сме возбудени поради отворањето на нашиот технолошки центар во Србија. Сакаме овде да креираме современ технолошки центар кој ќе придонесе за носење на водечки производи и сервиси на светскиот пазар. Едвај чекаме да започнеме со регрутирањето во Србија со отворање на позиции за висококвалификуван кадар во регионот“, вели Синди Никола од Rivian, за Netokracija.

Кога теренските возила и пикап камионите се во прашање, Rivian е производител на дел од најубавите електрични возила. Rivian R1T беше најпријатно изненадување на саемот за возила во Њујорк во 2019 година.  Покрај ова возило, Rivian е производител и на R1S теренско возило.

Rivian R1S

Компанијата има финансиска поддршка од Amazon кој инвестираше 700 милиони долари и поседува 21% од компанијата, и Ford кој инвестираше 800 милиони долари, но откако продаде дел од акциите поседува околу 9,7% од компанијата.

Отворањето на развоен центар на Rivian надвор од САД е помало изненадување. Компанијата е најпрепознатлива по пикап камионите кои се популарни во Северна Америка, но во Европа и остатокот на светот продажбата не е преголема. Во 2022 година во САД се продадени камионети во вредност од 78,460 милијарди долари, а во Канада 9 милијарди долари. Најголеми купувачи на камионети во Европа се Русија и Турција, кои на овие возила потрошиле 750 милиони и 505 милиони долари, покажува анализата на Statista.

Покрај САД, Rivian има канцеларии во Канада, Германија, Холандија, Мексико и Србија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments