Бесплатно вратете ги избришаните податоци со WinfrGUI

0 коментари 1 мин. читање

На сите ни се има случено несакајќи да избришеме одредени фајлови. Во такви ситуации, постојат одредени шанси да се поврати избришаното, преку користење соодветни апликации. Проблемот со ваквите апликации е тоа што викаат дека се бесплатни, а се нудат само ограничени можности, како враќање само одреден број на фотографии, видеа и документи.

WinfrGUI е апликација која нема ни денар да земе од вас, а ќе се потруди брзо да извлече што е можно повеќе од избришаното. Алатката се заснова на Windows File Recovery, но нуди значително поедноставен интерфејс.

Со апликацијата можете да пронајдете и извлечете претходно-избришани фајлови така што ќе скенирате само одредени фолдери и ќе барата само одредени формати на фајлови, се со цел да се побрзо дојде до саканите податоци.

Преземете ја апликацијата тука!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед