Windows 8 ќе започне да се продава во октомври?

во Софтвер

Официјалната верзија на Windows 8 ќе биде завршена летово, и ќе започне да се продава од октомври, пишува Bloomberg повикувајќи се на извори блиски до Microsoft.

Windows 8 ќе стартува и на Intel и на ARM системи, ова ќе биде официјално објавено во април кога Microsoft има закажано настан на кој ќе ги брефира своите партнери за тајмингот и стратегии кои ги планира со новиот оперативен систем.

Осумката“ ќе биде комплетно редизајниран оперативен систем кој ќе има две лица. Едното е стандардниот десктоп со стандардни апликации, но и Metro интерфејс кој со еден клик ќе го претвара системот во верзија оптимизирана за таблет компјутери и екрани на допир со апликации кои ќе работат на цел екран.

Фокусот на Microsoft со новиот оперативен систем ќе бидат таблет компјутерите. Според Bloomberg, ќе има помалку уреди базирани на чипови од ARM (околу три) бидејќи Мicrosoft строго го контролира квалитетот на машините на кои ќе работи оперативниот систем, чија осма верзија ќе биде првата која ќе работи на ARM процесори. Овие процесори најчесто се користат за паметните телефони и таблет компјутери.

Фирмата за анализа Gartner очекува во 2012-та да се продадат 103 милиони таблет компјутери од кои 2/3 ќе бидат Apple iPad уреди, додека останатиот процент ќе биде поделен меѓу Android таблет компјутери, и наскоро Windows 8 уредите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk