0 коментари 1 мин. читање

Сега може да споделувате Dropbox фолдери со Facebook пријатели

Dropbox, еден од најпопуларните сервиси за складирање податоци во облакот, сега се интегрираше со Facebook. Ова значи дека корисниците ќе можат да споделуваат фолдери и фајлови со Facebook пријателите, наместо само да праќаат линкови преку имејл.

Oткако ќе се поврзат двата профили преку оваа страна, ќе може да се додат пријателите кои автоматски ќе бидат повикани да споделат фолдер. Оваа интеграција не само што ќе го олесни споделувањето, туку ќе ја прошири и дејноста на сервисот. При поврзување на профилите, Dropbox, кој во моментов има околу 50 милиони корисници, ќе побара дозвола да постира на корисничкиот ѕид, што, покрај поканите од пријателите за споделување, ќе значи и промоција пред 800 милиони можни нови корисници.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top