Како да го направите Facebook подобар

Дали сте посакале некогаш да го персонализирате вашиот Facebook профил? Да ја промените бојата на позадината? Да го натерате Facebook да ви покажува само постови релевантни за вас, кои сте ги веќе прочитале, наместо да форсира содржина која тој мисли дека е важна?

Да? Тогаш имаме решение за вас. Првин, инсталирајте socialfixer.com. Ова е додаток (скрипта) за разни прелистувачи која има бројни опции за да го промени изгледот на Facebook.

Откако ќе го инсталирате, додатокот ќе ве претстави неколку воведни опции со кои си одбирате тоа што е важно за вас да се прикажува на друштвената мрежа.

Би ве советувале да ги прочитате внимателно воведните опции за да го одберете тоа што е најдобро за вас, бидејќи потоа кога ќе сакате да се промените нешто во изгледот ќе наидете на купишта опции што можеби ќе ве збунат. Тоа што е добро кај овој додаток е што може да си одберете се што сакате да гледате на вашиот Facebook и да тргнете се што не ви се допаѓа, пример да го тргнете сајдбарот за четот или пак да не ви се отвараат фотографии на црна позадина, познато како Lightbox.

Social Fixer ќе ви понуди да го промените изгледот и функционалноста на Facebook според неколку категории: популарни опции, според изглед на екранот, постови, дисплеј, Timeline, чет, скриени работи, теми, филтери, напредни опции… Oсвен опциите кои се излистани по зададено, Social Fixer овозможува и да си додадате CSS код со кој уште повеќе ќе си го персонализирате изгледот.

Ќе ви биде потребно труд и време за да ги откриете сите нешта што може да се направт со овој додаток, но крајниот исход треба да се исплати. Вака ќе добиете Facebook каков што сакате.

Доколку сакате да го исклучите додатокот едноставно кликнете на иконата налик на клуч за стегнување, и ќе ви се врати првобитниот изглед.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Номче
Номче
14 years ago

Текстов e како да гледам топшоп. :D
„Дали сакате да ослабите? Не сакате да вежбате? Тогаш ние имаме решение за вас…“

Не е забелешка, само онака, ми дојде интересно. :)

fdgsdafg
fdgsdafg
14 years ago
Reply to  Номче

da da

hahahaha