Новиот Windows 8 ќе има уникатна опција за отклучување на системот. Мicrosoft на својот официјален блог за Windows 8 најави дека ќе се користи фотографија како лозинка.
Новиот метод има две компоненти. Првата е дека може да се користи фотографија од корисникот, која ќе биде уникатна за секој корисникот и која ќе биде лесна за паметење. Фотографијата ќе се појави на заклучените екрани на сите уреди со Windows 8: таблет компјутери, десктоп копјутери или телефони.
Вториот дел од отклучувањето е поврзување на одредени делови на фотографијата со прст на екраните со допир или со глувче. Тие движења ќе бидат всушност кодот. Ова го имаме видено и на Android, но таму функционира како шема со поврзување на точки, додека кај Windows 8 корисниците ќе можат да направат круг или линија на различни места од фотографијата, која што ќе биде распределена како мрежа, а движењата ќе бидат препознаени според индивидуалните точки од таа мрежа.
Идејата е овој метод да понуди побезбедно решение, наместо да се остави на корисниците да користат лесно-погодливи лозинки, пример, роденден или 654321. Мicrosoft вели дека отклучување на уредот преку слика е всушност побрзо отклучување на системот, посебно на мобилните уреди.
Но, со отклучувања со движења постои поголема шанса некој да ви ги види движењата одошто да види кои знаци ги користите како лозинка. Текстуалните лозинки ќе останат да се употребуваат како метод на отклучување на Windows 8.
[youtube]NQtG6d7rCSk[/youtube]








