Google направи неколку промени и подобрувања на опциите на својата друштвена мрежа со цел да привлече повеќе корисници. Се чини дека нема подобро време од сега за нови нешта, бидејќи има доста негодувања против ново-стартуваниот Facebook Timeline.
Google ја претстави Volume Control опцијата која иако асоцира на контрола на гласност, сепак се однесува на опција за контрола на вестите кои се прикажуваат на друштвената мрежа. Опцијата служи за одредување на колку содржина да се прикажува од разните кругови.
[youtube]VRakr5BgkB0[/youtube]
Сега е можно и страна на бренд да има до 50 аминистратори, и има нови нотификации за администраторите полесно да следат што се случува на страната.
[youtube]20UXgGxssAo[/youtube]
Google направи и промени на Google+ Photos, односно го подобри прегледот на фотографии затемнувајќи ја целата позадини и овозможувајќи да се прегледуваат на поширок екран. Сега е полесно и да се тагираат корисници.
[youtube]NhWdNOgfa90[/youtube]







