Windows 8 e се популарен помеѓу гејмерите

во Софтвер

Без разлика на тоа што најновата верзија на оперативниот систем од Microsoft e „катастрофа“ за ко-основачот на Valve, Гејб Њувел,  сепак играчите ја прифаќаат истата и сè поголем е бројот на истите кои ги играат своите игри на Windows 8.

Според последната месечна анализа на Steam, Windows 8 за само два месеци стигна до четвртото место на листата на Steam, со само 0,03 посто помалку од Vista и 3,51 посто помалку од Windows XP. Инаку, до сега Microsoft успеа да продаде 60 милиони лиценци за Windows 8.

Според табелата, најкористена е 64 битната верзија на Windows 8 која во последниот месец има забележано раст од 2,08 посто, додека Windows 7 (64-бит) има губење на корисниците со 2,23 посто.

Исто така, од листата може да се забележи и новиот, барем кај Steam, оперативен систем – Ubuntu кој во својот прв месец држи мали 0,8 посто, и сето тоа благодарение на отворената бета која им беше достапна на сите GNU/Linux корисници. Сепак, доколку се земе бројката од вкупно 40 милиони Steam корисници, скоро еден посто, баш и не е така мала.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments