Втор ден. Повторно публика од над 3.000 луѓе желни да го разберат веб 2.0 трендот. Денот започна со презентациите на легендарниот Tim O`Reilly и Clay Shirky. O`Reilly зборуваше за тоа како ИТ луѓето треба да престанат да трошат време на развој на бескорисни апликации и дека треба ги насочат силите во иновативноста кон решавањето на проблемите во светот, кои ги има многу. Неговата презентација опфати некои навистина клучни работи околу веб 2.0 трендот.
{mosimage}
Clay Shirky пак зборуваше за потребата да ги филтрираме содржините околу нас кои ги има премногу. Тој исто така истакна дека живееме во ера каде што постои огромен налив на информации, и дека нивното создавање не е проблемот, туку проблемот треба да го бараме во начинот на кој ние ги филтрираме тие содржини за наши потреби.
{mosimage}
По двете клучни сесии, презентација имаше и еден од главните членови на Google Chrome тимот кој зборуваше за новиот прелистувач и новостите на тоа поле.
Потоа, во рок од 6 часа се одвиваа 40 сесии кои ги покриваа скоро сите области од веб 2.0 трендот, од мобилен веб до дизајн трендови. Тие беа претставени од разни експерти вработени во компании како Mozilla Fondation, Мicrosoft, eBay, Google, IBM и други.
Последниот ден, утре, ќе започне повторно со Tim O`Reilly и Arrianna Huffington за да биде продолжен со Irene Greif, Jay Adelson – CEO на Digg.com, Ben Huh, Shana Fisher и Dan Lyons (a.k.a. Fake Steve Jobs).
Повторно да напоменам дека по крајот на конференцијата ќе следи подетална статија за оваа конференција, а до тогаш следете ме на Twitter за кратки вести и следење на активностите на Web 2.0 Expo NY и проверувајте го Flickr профилот.






