Масовен број на веб дизајнери, програмери, девелопери, бизнис и проект менаџери, маркетинг луѓе, блогери па дури и луѓе од инвестициски фондови денеска беа дел од навистина возбудливиот Web 2.0 Expo New York. Првиот, всушност вториот ден од конференцијата (првиот беше 16-ти и тогаш се одвиваа само работилниците), започна стандардно за вакви конференции во 9 часот наутро, и учесниците на конференцијата која инаку е затворена за јавност (за да учествувате мора да сте дел од компанија која се занимава со нешто во оваа индустрија) имаа можност да присуствуваат на разни сесии и да ги чујат мислењата на експерти вработени во eBay, Microsoft, IBM, O’Reilly и други слични компании кои практично ги диктираат трендовите.
Клучни спикери за денеска беа:
- Fred Wilson од Union Square Ventures
- Deborah Schultz – www.deborahschultz.com
- Maria Thomas од Etsy.com
- Gary Vaynerchuk – www.winelibrary.tv
- Jason Fried – основачот на BaseCamp
Сеуште нема да коментирам за што беше зборувано подетално, кои беа заклучоците и слично (како што најавив, тоа ќе го направам подетално во статија откако конференцијата ќе заврши). Дотогаш, доколку сакате да сте во тек со случувањата на Web 2.0 Expo NY, следете ме на мојот профил на Twitter и проверувајте го сетот Web 2.0 Expo New York на профилот на IT.com.mk на Flickr за нови фотографии.
Еве ја досегашната галерија:
Утре, вториот ден повторно започнува рано наутро со главните спикери Tim O`Reilly и Clay Shirky, а потоа следат серија на сесии на разни теми.






