VW ќе го интегрира ChatGPT во своите возила

На овогодинешниот настан CES (Consumer Electronics Show) во Лас Вегас, автомобилскиот гигант Volkswagen најави дека планира да го интегрира добро познатиот ChatGPT во својот гласовен асистент IDA. 

Интеграцијата на ChatGPT во IDA е планирана да биде лансирана во Европа во вториот квартал оваа година. AI чет-ботот на OpenAI ќе биде интегриран во повеќе модели на VW, опфаќајќи ги: 

  • ID.3 
  • ID.4 
  • ID.5 
  • ID.7  

Како и новите генерации на моделите:  

  • Tiguan 
  • Passat 
  • Golf 

Барем за сега, оваа интеграција нема да биде достапна во САД поради тоа што ќе треба да помине неколку дополнителни проверки. 

Изминатава година, ChatGPT беше интегриран во куп стартапи и разни други бизнис модели, но ова е прв случај на интеграција во автомобил. VW е најголемиот производител на автомобили, но не е прв кој што интегрира AI чет-бот во своите автомобили. Mercedes-Benz со интеграцијата на ChatGPT во својот систем MBUX минатиот јуни е пионерот во оваа област. 

За возачите, нема потреба од никакви измени. Не се потребни нови сметки, инсталации на апликации или активации на ChatGPT. Гласовниот асистент IDA се активира со изговарање „Hello IDA“ или притискање на копчето на воланот. IDA интуитивно одлучува дали да изврши функција на возилото, да бара дестинација, да ја прилагоди температурата и слично. Ако системот на VW не може да се справи со барањето, анонимно го препраќа до вештачката интелигенција за потоа да биде добиен одговор.

„VW отсекогаш ја демократизираше технологијата и ја правеше достапна за многумина. Ова е едноставно вкоренето во нашата ДНК. Како резултат на тоа, сега сме првиот производител кој ја направи оваа иновативна технологија стандардна карактеристика кај возилата од компактниот сегмент нагоре. Благодарение на беспрекорната интеграција на ChatGPT и силната соработка со нашиот партнер Cerence, на нашите возачи им нудиме додадена вредност и директен пристап до алатката за истражување базирана на вештачка интелигенција.
Ова, исто така, ја нагласува иновативната сила на нашите нови производи“, изјави Каи Гриниц, член на Управниот одбор на брендот VW за технички развој.

IDA – гласовниот асистент на VW

VW ја замислува иднината на комуникацијата во автомобилот со својот гласовен асистент IDA, кој моментално е во рана фаза на развој. Карактеристиките на овој гласовен асистент вклучуваат интеграција со ChatGPT за природни разговори, подобрени способности кои покриваат различни аспекти на возилото, персонализирани искуства засновани на преференците на корисниците и разговорен пристап за поинтуитивни интеракции. 

Моментално, IDA е во развој и сè уште не е во комерцијално достапните модели на VW. Тестирањето на способностите на IDA ќе се одвива на почетокот на оваа година, а интеграцијата во горе-споменатите модели е планирана за вториот квартал на 2024 година. 

Потенцијалните придобивки од овој гласовен асистент 

Гласовните команди ќе го минимизираат одвлекувањето на вниманието на возачот, што би допринело за поголема безбедност на патот. Пристапот без раце до функциите и информациите го олеснува возењето. Дополнително, IDA може да служи и како придружник за разговор, нудејќи информации и медиуми. 

Што се однесува до приватноста, VW официјално соопшти дека ChatGPT нема да собира било какви податоци за возилото, а прашањата и одговорите ќе се бришат во најкус можен рок.

Предизвици

Интегрирањето на ChatGPT во сложени системи на возила претставува технички предизвик. Бидејќи овој асистент треба да се користи за време на возење, потребни се дополнителни заштитни мерки за минимизирање на одвлекувањето на вниманието на возачот. 

И покрај предизвиците, гласовниот асистент IDA треба значително да ги промени возачките искуства со персонализирани и практични интеракции. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk