Хардвер од оваа недела, што донесе CES 2024 (дел 1)

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Ова е една од неделите во кои нема да имаме недостаток на супер-интересен хардвер, што е и супер прилика да ѕирнеме куп уреди. Најголем дел од нив се од CES 2024, но има и некој од надвор.

Вообичаено љубителите на технологија и електроника на почетокот на годината својот фокус го префрлаат кон CES. Традиционално саемот во Лас Вегас е првиот во годината на кој може да видиме куп нови и супер интересни уреди. Секако сѐ уште е рано да зборуваме за најдобрите уреди на CES, но веќе можеме да видиме некои супер интересни.

Jackery соларен шатор и робот

Производителот на соларни панели Jackery има неколку кул уреди на CES. Компанијата претстави комбинација на шатор и соларни панели која е одлична за сите љубители на кампирањето. Со моќност од 1000W е доволна за сите потреби на камперите. Шаторот е наменет за монтажа врз возило, а дополнително со него може да се испорачаат и AC-инвертор и батерии.

Сепак шаторот не e најинтересниот уред кој го претстави Јackery.

Компанијата претстави и робот-возило со соларни панели. Иако доаѓа под името Jackery Solar Mars Bot, уредот секако нема да го користиме на Црвената Планета. Производителот само сака да долови дека е наменет за користење далеку од цивилизација и може да се користи самостојно. Мобилноста му помага да пронајде најдобра позиција под сонцето.

Вообичаено овие мини автономни возила доаѓаат со куп камери и сензори кои помагаат во избегнувањето на препреките, а тоа е случај и тука. Соларните панели може да се „спакуваат“ додека уредот е во движење што помага во избегнувањето на препреките.

LG претстави транспарентен телевизор

Еден од производителите на електроника кои ги чува најдобрите презентации на уреди за саеми е LG. Оваа година јужнокорејскиот производител го претстави LG Signature OLED Т.

Новиот телевизор е безжичен и доаѓа со 77-инчен екран. Она што е најинтересно е што екранот е транспарентен. Всушност има 2 панели, предниот е транспарентен, а зад него има уште еден непроѕирен екран. Вториот екран е флексибилен и може да се „замота“ во „постољето“ на телевизорот.

Кога работи само со предниот екран телевизорот е своевиден украс во собата, а кога се користи и вториот екран е традиционален телевизор.

Засега нема најава за датата за продажба, ниту за цената на новиот телевизор.

MagGo Power Bank од Anker

Производителот Anker на CES 2024 го претстави својот нов power bank. Ова вообичаено и не се некои уреди кои премногу нè возбудуваат. Сепак, MagGo Power Bank е една од првите батерии кои доаѓаат со Qi2 безжично полнење. Уредот може да се користи за полнење на iPhone или Android телефони.

Цената на надворешната батерија со капацитет 6600 mAh е 70 американски долари. Ова е еден од ретките уреди кои веќе се достапни во продажба.

Garmin Lily 2

Еден од уредите кои се речиси на сите листи на најимпресивни уреди на CES 2024 е новиот Gamin Lily 2, паметниот часовник на Garmin. За разлика од најголем дел од конкуренцијата, овој пат со Lily 2, Garmin како да сака да покаже дека функционалностите може да се спакуваат во помало и поелегантно решение. Стандардно за Garmin во часовникот има спакувано куп фитнес и здравствени функционалности. Една помалку својствена карактеристика на часовникот, барем кога Garmin е во прашање е цената. Garmin Lili 2 чини само 250 американски долари.

Catalyst ремче за кучиња со AirTag

На CES секогаш има простор и за понекој уред за домашните миленичиња. Оваа година Catalyst дојде со своето каивче за кучиња со AirTag. AirTag е затворен во водоотпорно кутивче што го заштитува од губење и од вода. Испораката на каивчето започнува во јануари.

Nanoleaf Skylight

Nanoleaf претстави интересен сет на модуларни светилки кои се монтираат на плафон. Корисниците може да изберат од куп различни бои, а постои можност за додавање на максимум 100 модули. Потоа овие светилки може да се управуваат преку апликација за паметен телефон. Цената на Nanoleaf Skylight е 250 долари, а испораката започнува во втората половина на јануари.

DJI претстави огромен дрон за испорака

DJI FlyCart 30 е нов дрон од без сомневање најпопуларниот производител. Иако вообичаено уредите кои ги гледаме се наменети за снимање со камера, ова не е случај со овој дрон. FlyCart 30 е транспортен дрон за испорака на локации кои се тешко достапни. Дронот е наменет за транспорт на товар до 30 килограми на растојание од 16 километри. Благодарение на механизмот за спуштање, доставата е овозможена дури и на локации кои немаат место за слетување. DJI веќе ги продава својот дрон во Кина.

Ова е еден од уредите кои не беа претставени на CES 2024, но оваа недела очекуваме куп хардвер, па не сакаме да пропуштиме нешто што може да биде супер интересно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk