Dwarven Realms e ARPG игра која нуди многу забава за малку пари

Dwarven Realms е забавна акциона RPG игра, со огромен потенцијал. Иако е уште во раниот пристап на Steam, Crater Studios веќе имаат осмислено богата формула со бројни гејмплеј механики. Нудејќи битки со стотици непријатели на една мапа добивате можност за динамични пресметки преку употреба на уникатни борбени стилови и користење разорни магии.

Повторување на историјата

Dwarven Realms суптилно обработува приказна за расата на џуџињата и за тоа како расата била уништена од мрачниот господар Аркеон. По 4000 години мир помеѓу луѓето, Аркеон повторно се враќа, со нови бранови злобни суштества и со истата закана како и претходно, овојпат упатена кон човечкиот род.

Играјќи како еден од луѓето, ќе биде потребно да ставите крај на навидум непресушните бранови од непријатели. За да успеете во целта, користите најразлични борбени стилови, употребувате моќни магии, надградувате способности, или пак собирате корисна опрема и ресурси. Сржта на гејмплејот се содржи во отворање процепи, односно започнување ранови и сеење хаос на сѐ што ќе се осмели да мрдне.

Уникатното дрво од над 300 вештини ви дозволува да го контролирате правецот во кој ќе се развива вашиот билд. Со текот на времето, преку дрвото ќе можете да се определите во какви оружја да специјализирате и какви уникатни способности да користите.

Голем дел од работите кои ги отклучувате само статистички ги зголемуваат вредностите, но, знаете како викаат, капка по капка… Тоа не значи дека немате корисни способности за отклучување, но имајте во предвид дека, моментно, се работи за серија од статистички бонуси. Големиот број од навистина импресивни способности, како повикување змејови да нападнат непријатели, доаѓаат од уникатната опрема.

Едноставна забава!

Паралелно со ова, имате богат систем за крафтање и надградба на опремата. Доколку ги имате соодветните ресурси, не морате да зависите од некој надворешен, рандомно сервиран плен, туку можете вие да си го направите токму она што сакате вашиот лик да го носи.

Авторите се удираат во гради дека имаат осмислено арсенал од над 10 000 оружја, опрема и алатки, сѐ со цел да се понуди крајно уникатно ускуство.

Во моментот кога ќе го средите ова и ќе произлезете со достоен билд, битките стануваат спектакл од епски пропорции. Бидејќи често сте опружени од запрепастувачко висока бројка од непријатели, големи се шансите дека ќе уживате во сеењето на деструктивниот хаос и урнебесното разбранување на беспомошните непријатели.

Dwarven Realms е, сепак, игра во ран пристап. Како незавршен продукт, одредени работи би можеле да ви „бодат“ очи, како инстантното појавување на непријателите, визуелно непривлечен текст кој се преклопува врз некој друг текст, трапави анимации, нефлуидни движења и ред други работи.

Дополнителна посвета на играта во наредните шест месеци

Играта не е излезена ни месец дена, а веќе има 96% позитивни рецензии на Steam. Процентот на позитивните рецензии е изваден од мал број гејмери, но сепак е јасно дека тие што ја пробале играта уживаат во интересниот одност забава-цена. Имено, Dwarven Realms се продава за само 5 евра, цена која најверојатно ќе се зголеми при крајот на нејзиниот век на развивање.

Моментно, гејмерите можат да проверат цел еден континент, бројни непријатели, босови и уникатни механики. Главните механики се воспоставени, а во наредните шест месеци, тимот би работел на модифицирање и проширување на дрвото со вештини, воведување мултиплеер, можности за напредно градење на вашиот дом, дополнителна опции за прилагодување на ликот, како и и системи со фракции и квестови.

Од она што моментно го видовме, меѓутоа, Dwarven Realms се развива во вистински правец и едвај чекаме да видиме како ќе изгледа финалната верзија.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Crater Studios
  • Издава: Crater Studios
  • Жанр: ARPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 16 декември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments