0 коментари 1 мин. читање 15 август, 2013

Hennessey е нов oбид на Samsung да ги популаризира телефоните со два екрани

Проек Hennessey е нов Android 4.1 паметен телефон од Samsung, кој ќе се обиде да ве импресионира со веќе подзаборавениот флип дизајн и два дисплеи. Засега сепак изгледа дека ова ќе биде телефон за пазарите во развој, со единствена најава за кинескиот пазар.

Хардверот на Hennessy не е лош со исклучок на ужасниот екран. Екранот е голем 3,3-инчи со 320х480 резолуција, a на овој телефон ќе го имате двапати! Покрај ова, телефонот доаѓа со 1,2 GHz четири-јадрен процесор, 1 GB RAM и 5 МР камера. Според најавата просторот кој ќе му биде на располагање на корисникот е незабележителен, но барем има простор за microSD картичка. Hennessey доаѓа со CDMA и GSM подршка, која е соодветна со кинеските телекоми.

Засега нема никаква најава дека телефонот ќе ја напушти Азија, а ниту дека ќе излезе на било кој друг пазар освен кинескиот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top