Втората TEDxSkopje конференција е закажана за 21 септември

во ИТ.МК

Конференцијата за „идеи вредни за споделување“ по втор пат ќе се одржи во Скопје на 21 септември. За разлика од првото издание кое беше вистински успех, и како сите локални TEDx или глобални TED конференции беше инспиративна, интересна и забавна, втората конференција ќе има специфична тема.

Tемата која ќе се опфати во повеќе градови во светот, меѓу кои и Скопје е City 2.0. City 2.0 ќе ги опфати следниве теми редефинирање на граѓанинот, пресоздавање на урбаното искуство, обмислување на градот и прекројување на географиите. Темата е прекрасно избрана бидејќи неминовно е дека ќе се дискутира за проектот Скопје 2014, но и за како да се подобрат градовите да ги користат своите ресурси поефективно. Но, говорите ќе зависат секако од говорниците кои ќе можат да бидат од различни области како уметност, здравје, едукација, архитектура итн. Во тек е нивно пријавување, па доколку имате „говорник вреден за споделување“ можете да помогнете при изборот тука. Kaко и претходниот настан, бројот на посетители е ограничен на 100 гости, но сè уште нема детали за пријавувањето.

TEDxSkopje е независно организирана група ентузијасти, кои на 10 јули 2010 година се стекнаа со официјалната лиценца за организирање на локален TEDx настан во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments