0 коментари 2 мин. читање 29 август, 2013

Espruino e JavaScript микроконтролер со кој може да хакираат и почетници и експерти

Espruino е JavaScript микроконтролер кој корисниците можат да го употребат за управување на уредите околу нив. Според најавата, овој микроконтролер ќе може да го биде користен и од лаици во програмирањето со помош на веб базаиран графички едитор.

Креатори на Espruino сe Гордон и Мериен Вилијамс, а веќе е готов прототипот на уредот. Вообичаено, за додавање на дополнителна функционалност, креаторите се почесто се обраќаат кон своите идни корисници преку „crowdfunding“ со Kickstarter кампања. Целта на кампањата е да се соберат доволно пари за да се намали цената на уредот, да се издаде на изворниот код, и да се креираат повеќе документација, туторијали и примери, како и подобрување на Chrome веб апликацијата, но најважна е одржливоста на Espruino и додавање на поддршка за идните корисници. Доколку биде успешен Kickstarter проектот се очекува цената на Espruino да биде околу 30 долари.

Еspruino работи на STM32 32-битен 72MHz ARM Cortex M3 процесор, 256KB флеш меморија и има можност за додавање на SD картичка. Покрај ова на плочката на микроконтролерот е сместен и 44-пински конектор за дополнителни поврзувања по потреба на корисниците. Креаторите се надеваат дека ова ќе овозможи уредот да биде подеднакво користен од почетници и експерти. Espruinto е погоден за користење со Windows, Mac OS, Linux, Raspberry Pi, Android и iOS. Засега планот на Гордон и Мериен Вилијамс е микроконтролерот да биде open source, но ова во голема мера ќе зависи од успехот на Kickstarter кампањата.

[youtube]S7v0-_Iq7y0[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top