Втор Џамбо Бинго Ден Во Скопје

По успешно реализираниот прв Среќен Џамбо Бинго, Државна Лотарија на Македонија го најави и вториот во чест на сите играчи на Џамбо Бинго. Денес, 04 јуни 2012 од 13 часот го имаме најновото среќно дружење со нашите играчи. Вториот Среќен Џамбо Бинго ден се реализира пред најновиот киоск на Тобако, на новата локација на Цветен пазар на Народен Фронт. Сите играчи кои ќе уплатат Џамбо Бинго картички ги очекуваат  бројни интересни изненадувања. Популарните Џамбо Бинго ликови, Игор Џамбазов и Натали Грубовиќ ќе вежбаат радување со сите свои фанови на  самиот настан. Среќниот Џамбо Бинго ден е посленото освежување кое Државна Лотарија на Македонија го воведе на задоволство на играчите на Џамбо Бинго.

На ова прекрасно дружење за среќа го откриваме и добитникот на петтиот скутер од Инстант лозот Смајли. Скутерот го изгреба Марјанчо Богојовски од скопско Визбегово. Интересно е што неговиот татко Василе го купил во Тобако 2 во Аеродром, го чувал три недели во викендицата во Визбегово, а потоа гребката ја изгребал внукот.

Смајли е најмлад член во семејството на Инстант лотаријата. Државна Лотарија на Македонија го пласираше на 1ви април токму една година по досегашниот бестселер лоз- Твингоманија, чиј старт беше обележан на истиот ден пред една година (1ви април 2011).

Инстант лозот СМАЈЛИ чини 30,00 денари. Досега доделивме пет скутери по еден во Куманово и Гостивар и три во Скопје. Остануваат уште 30 како и бројни помали добивки од 50 и 30 денари.

Овој прекрасен ден, втор по ред Среќен Џамбо Бинго ден ќе биде заокружен со  22 коло на Џамбо Бинго кое ќе се емитува вечерва 04.06.12 од 20 часот на Канал 5.

ЗА ДОБРО!

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Овој текст е платен ПР текст на Државна Лотарија на Македонија.
IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.