Интервју со Invoicebus, македонски стартап за онлајн фактурирање

Го таргетираме странскиот пазар бидејќи во Македонија нема законска регулатива за онлајн фактурирање, вели информатичарот Стефан Чачовски кој заедно со Димитар Стојанов, водени според 12-те принципи, го стартуваа Invoicebus. Овој стартап им нуди на клиентите полесно да ги менаџираат персонализираните онлајн фактури според различни валути и на различни јазици. Веб сервисот е наменет за странскиот пазар, но од неодамна започно да се локализира и за македонскиот пазар.

Колкав е интересот за Invoicebus во Македонија?

Од лансирање на производот, ноември 2011 година, па до сега, интересот на македонскиот пазар е во пораст, но со оглед на тоа дека во Македонија сè уште нема закон со кој може да се користи онлајн фактурирање, користењето на системот се сведува на креирање на фактури и симнување во .pdf. Значи суштинскиот дел на Invoicebus за испраќање на фактурите по имејл во Македонија не е воопшто искористен заради законски регулативи кој велат дека фактурата не е валидна без печат, па не може да се прати преку имејл. Можеби треба да се даде дополнителна мотивација за побрза имплементација на онлајн фактурирањето и во нашата земја.

[youtube]m_7N89lOtCk[/youtube]

Како сте прифатени надвор од Македонија? Колку клиенти имате и како се справувате со законите и стандардите во различни земји?

Што се однесува до државите каде онлајн фактурирањето е правно регулирано, прифатеноста на системот е неверојатна, со многу позитивен фидбек како од корисниците, така и од ред медиуми кои пишувале до сега за Invoicebus (АppStorm, AppAppeal, KillerStartups, WebAppRater, WebDesignerDepot и ред други). Иако првично беше таргетиран за САД, брзо потоа сфативме дека интерес има од цел свет, вклучувајќи ја Индија, Австралија, Индонезија, Филипини, Малезија, Гeрманија, Франција, Шпанија, Велика Британија и други. Мошне позитивно сме изненадени од балканските земји кои исто така одлично го прифаќаат сервисот, може да се издвојат Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Во однос на прашањето за законите и стандардите во различните земји, системот е изработен флексибилно да може лесно да се прилагоди во било која земја. Тоа значи, поддржани се сите светски валути и јазици на фактурата, а исто има можност за дефинирање на повеќекратни даноци по желба на корисникот (во зависност од државата и правната регулатива).

Логично ми е да креирате сервис кој е насочен кон странски пазари, но од друга страна ме интересира ваше мислење зошто македонскиот пазар не е привлечен? Дали е мал пазар или проблемот е незнаење на компаниите да користат веб сервиси?

Одговорот за тоа зошто првично не беше насочен кон македонскиот пазар е даден на почетокот – нема законска регулатива за онлајн фактурирање). Голем дел од македонските компании мислaм дека сè уште се скептични за користење на онлајн сервиси, но искрено се надевам дека во наредните неколку години ова ќе се промени, бидејќи како што знаеме целиот бизнис свет се сели онлајн и времето на конвеционалните самостојни десктоп апликации пополека згаснува. Ваквите SaaS решенија мислам дека би можеле да бидат одличен катализатор за промена на конфорниот статус кво кој засега Македонија го ужива во овој поглед.

Како ќе ги убедите корисниците дека сервисот е безбеден?

За оние кои се интересираат за безбедноста на Invoicebu, објавивме серијал од блог постови под наслов „Sleep tight your data is secure” каде со потполна транспарентност ги објавуваме методите и техниките кои ги користиме за заштита на податоците на јазик достапен за обични корисници. Значи користиме технологии за безбедност за кои веруваме дека се најдобри во кластата, но сепак ни еден начин на трансфер и складирање на податоци преку интернет не е 100 отсто сигурен, па во полисата за приватност е опфатен и тој аспект.

Знаеме дека IZEOS стои зад сервисот. Може ли да ни кажеш повеќе за компанијата, колку луѓе сте, како го финансирате проектот и со какви ресурси располагате?

Invoicebus е ентузијастички стартап започнат од 2 дипломирани инжинери по информатика, јас – Стефан Чачовски и Димитар Стојанов, комплетно самофинансиран од самиот почеток. IZEOS е фирма која мојот татко ја формираше пред 10 години за инжинеринг и консалтинг, и на почетокот немаше никаква врска со Invoicebus. Но сфативме дека би било одлично веќе ситуирана и реномирана компанија да се постави зад продуктот, па решивме да направиме партнерство со IZEOS. Сите одлуки поврзани со Invoicebus како развој, финансирање, маркетинг итн., ги носиме јас и Димитар. Буџетот на Invoucebus е независен и комплетно реинвестиран во понатамошен развој на продуктот.

Нешто за крај?

Би сакал да ги искористам ова интервју да ги мотивирам сите ИТ ентузијасти во Македонија да креираат свој проект и да го пласираат на интернет. Потребно е малку логика и креативност, мал тимен, не толку скапа технологија, скромен буџет и доза ентузијазам! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pece
Pece
13 years ago

Браво, браво! Секоја чест, софтверот е одличен!

Stefan (Invoicebus)
Stefan (Invoicebus)
13 years ago

Благодарност до Виктор Дано и IT.com.mk тимот што помисли на нас и одвои време за Invoicebus.

Секое добро,
Стефан

Бојан
Бојан
13 years ago

Браво! (HatDown)