0 коментари 1 мин. читање 4 јуни, 2012

Foursquare наскоро со нов дизајн

Според информациите кои кружат на интернет, изгледа дека најпопуларниот сервис за споделување на локација – Foursquare, во текот на оваа недела ќе добие нов дизајн.

„Во основа ќе се промовираат „Specials“ локациите со помош на истата технологија на која работи „Explore“ и некои дополнителни премиум можности“, изјави портпаролот на Foursquare за Mashable.

Овој нов дизајн, Foursquare го објави на Twitter со хештагот #AllNew4sq и преку него ќе можете да ги пратите сите новости со слика и објаснување за истата. Иако до сега се достапни само неколку слики, можете да видите дека Foursquare ја модернизира својата апликација, но како ќе изгледаат и кои ќе бидат останатите новитети ќе треба да почекаме уште малку.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top