Многу задоволни твитерџии за овие неколку часа откако е пуштена апликацијата твитнаа поддршка за новата верзија, но исто толку многу твитерџии на страницата за симнување изразија и незадоволство.
Нема некои структурни промени, единствено сега апликацијата работи побрзо и корисничкиот интерфејс е променет. Задоволните твитерџии се на страната на новиот привлечен изглед, а незадоволните пак се водени од тоа што апликацијата сеуште не поддржува опции кои на нив им се потребни како на пример: менаџирање на повеќе сметки наеднаш, напред-назад опцијата кога се прегледува само еден твит, обоени хаштагови итн.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови
Заедница
Изглед
