Кога фрижидерите напаѓаат! Интернетот на нештата не е отпорен на ботнети

Изгледа дека ќе треба да се навикнеме на предупредувањата дека фрижидерите и другите домашни уреди се искористуваат за сајбер напади. Речиси сите „Интернетот на нештата“ уреди се способни да бидат дел од ботнет мрежи, вели Proofpoint кои го забележа првиот напад од фрижидер! Околу 100.000 паметни уреди помеѓу кои телевизори, медиа плеери и најмалку еден фрижидер се дел од ботнет мрежата која во период од 23 декември до 6 јануари испрати 750.000 спам пораки. Дури 25 отсто од нападите се извршени од апарати кои не се лаптоп, дектоп или мобилни уреди. А спам поштата е испраќана од рутери, мулти медиа центри, телевизори и еден фрижидер, јавува Proofpoint.

Дел од паметните уреди кои се појавуваат се навистина небезбедни, а корисниците не се грижат за подобро да ги заштитат. „Ботнет евеќе голем безбедносен проблем а појавата нa thingbots само ќе ја влоши ситуацијата“, вели безбедносниот експерт Дејв Кнајт за Quartz.

„Уредите кои можат да се приклучат на интернет се огромна опасност бидејќи се едноставни за пробивање, корисниците немаат мотивација да ја подобрат нивната безбедност, а овие уреди можат да испраќаат малициозен код без да бидат забележани, мал е бојот на продавници кои ги заштитуваат своите уреди од оваа закана и постоечкиот модел едноставно нема да функционира во решавањето на проблемот.“

Сличен заклучок неодамна објави и Ars Technica кои ги оценија Интернет-поврзаните уреди како „катастрофа која чека да се случи“. Најголемиот проблем е замената на оперативниот систем кој најчесто е на двогодишен циклус, но телевизорите, фрижидерите и слично се уреди кои се наменети за подолг период, па дури и кога се купува нов телевизор стариот најчесто оди во некоја друга соба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments